(ГАЛЕРИЈА) “Одмаздата” на Џенифер Анистон

од desk2

Вчера вечер, Џенифер Анистон и Џастин Тероу беа забележани како уживаат на прошетка во Њујорк.38c4035900000578-3806043-image-m-83_1474774188906

47-годишната актерка и нејзиниот 45-годишен маж, беа видени како излегуваат, фатени рака под рака, од еден популарен ресторан(“The Smile”) во соседството на Менхетен.38c4aaad00000578-3806043-image-m-2_1474774797458

Ова доаѓа 5 дена по веста за барањето за развод, на Анџелина Џоли и бившиот сопруг на Анистон, Бред Пит.

Актерката, позната по хит-серијата “Friends”, изгледаше шик, облечена во црна кошула, пикната во лежерни црни панталони, високи потпетици и “Chanel” чанта.

Додека пак нејзиниот маж, облечен во спортска варијанта, изгледаше подеднакво стилски.38c3962000000578-3806043-the_man_that_got_away_the_friends_alumna_had_been_married_to_the-m-81_1474774133462

Во четврток “Us Weekley” изјави дека актерката одлетала во Њујрок откако била вовлечена во драмата за разводот на Џоли и Пит, меѓутоа пријатели на Џенифер тврдат дека таа воопшто не сочувствува со нив, дури напротив, сметала дека тоа е карма.

Пит и Анистон се венчаа во 2000-та година, но се разделија 5 години подоцна.

По нејзиниот развод, таа јавно беше во врски со познати личности како што се Џон Мејер и Винс Вон.

Анистон и Тероу започнаа да се забавуваат во 2011-та година, откако работеа заедно на филмскиот сет на “Wanderlast”, а минатиот август стапија во брак.

Слични содржини