Актуелно
Почетна / Сцена / (ГАЛЕРИЈА) Официјалните фотографии на „Златните глобуси“ во црно и бело

(ГАЛЕРИЈА) Официјалните фотографии на „Златните глобуси“ во црно и бело

Ема Стоун, Рајан Гослинг, Мерил Стрип и други ѕвезди позираа за официјалните портрети на 74-тите награди “Златен глобус”.

Неверојатните црно-бели фотографии се дело на познатото фотографско дуо Mert Alas и Mac Piggot (Мерт и Маркус).

Со овие слики асоцијацијата на странскиот печат во Холивуд сакала да се доближи малку до стариот холивудски гламур.

На кадрите позираат само победниците и дел од номинираните личности.

Сликата на Мерил Стрип ја покажува како ја држи својата награда како микрофон, очигледно како навестување кон нејзиниот силен говор за време на церемонијата во кој таа ревносно го искритикува новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп, поради тоа што исмеал репортер со инвалидитет.

Меѓу другите ѕвезди кои позираа уметнички за серијата фотографии се Ана Кендрик, Софија Вергара, Дев Пател и Хју Лори.

Видете ги сликите на ѕвездите во галеријата.