(Галерија) Олимпијадата во Рио беше официјално отворена

од Vladimir Zorba

31-те Олимписки игри официјално беа откриени на легендарниот стадион “Маракана” во бразилскиот град Рио де Жанеиро. Честа да го запали олимпискиот оган се падна на локалниот маратонец Вандерлеј Кордејри, бронзен медал од Игрите во Атина, кој  им даде старт на првите Игри, кои се одржуваат во Јужна Америка.

4981207

Пред тоа пред преполните трибини на 78-илјадниот “Маракана” една по една преминаа делегациите на сите земји-учеснички во Игрите, вкупно 12 илјади спортисти. За прв пат во историјата на Олимписките игри ќе има и тим од бегалци кои ќе се натпреваруваат под олимпискиот знаме.

За време на парадата на делегациите, претставниците на сите земји ставаа семиња во специјално изработени контејнери кои на крај ги  формираа петте олимписките кругови, кои за прв пат беа во една боја. Креативен директор на интересната и нестандардна церемонија, која траеше повеќе од 3 часа, беше светски бразилски режисер Фернандо Мејрелес, носител на над 50 меѓународни филмски награди.

ж

Мејрелес беше избрал да претстави скромна церемонија, која според него чини околу 10 проценти од вредноста на оваа во Лондон пред 4 години. Ова е направено со оглед на тешката финансиска ситуација во Бразил. Сепак отворањето во Рио дефинитивно остави свој уникатен ракопис врз историјата на Олимписките игри.

4981204И покрај скромниот буџет, церемонијата на “Маракана” далеку од тоа дека  страдаше од квалитет и амбиција – во неа учество зедоа околу 300 професионални танчери, околу 5 илјади волонтери кои покажаа над 12 илјади различни костими, беа употребени над 3 тони петарди и 109 огромни панеи , како сето тоа создаде една исклучителна палета на бои.

 

4981205Илјадниците на трибините и милионите пред телевизиските екрани беа сведоци на “слики”, претставувајќи историјата и културата на Бразил. Според директорот на церемонијата, нејзина цел била да се потенцира три главни бразилски карактеристики – нивното гостопримство, нивната способност да постигнат многу од нешто малку, како и еден од симболите на земјата – џунглата на Амазон, најголемиот природен резерват во светот.

4981202Се разбира во церемонијата не беше заборавен и легендарниот Карневал на Рио. Бразилската музика беше претставена во живо од голем број на популарни локални изведувачи, меѓу кои се забележуваат имињата на Анита, Гаетано Велозо и Жилберто Жил. Учество во церемонијата зеде и една од најпопуларните Бразилката во светот – супермодел Жизел Бундхен која дефилира под придружба на песната “Девојката од Ипанема” на Том Жобим.

 

4981206Се разбира, кулминација на отворено церемонија беше палењето на олимпискиот оган, како организаторите решиле  да се користи посебен факел со ниски емисии. Се очекуваше огнот да биде запален од Кралот на фудбалот Пеле, но поради лошата здравствена состојба честому  падна на бразилскиот маратонец Вандерлеј Кордејри.

 

4981201Така беше даден и официјалниот почеток на 31-те Олимписки игри. Останува да  им посакаме успех  и нови рекорди на спротистите.

Слични содржини