(ГАЛЕРИЈА) Парада од ефектни креации на црвениот тепих на „Мет Гала“

од Vladimir Zorba

И оваа година „Мет Гала“ го потврди својот статус на најгламурозниот моден настан во Њујорк. Еден куп ѕвезди дефилираа на црвениот тепих на традиционалната добротворна галавечер, на која се собираат средства за музејот за уметност “Метрополитен”.

Дрескодот беше екстравагантен.

Погледите беа приковани на бремената Серена Вилијамс, која пристигна под рака со нејзиниот вереник Алексис Оханјан, Џеј Ло беше во друштво на својот нов љубовник Алекс Родригез, Кејти Пери импресионираше со црвена визија. За белата боја се одлучи Ким Кардашијан, а Кара Делевин блесна со нова фризура или поточно без – со избричена глава. Таа беше обоена во сребрена, во тон со фустанот на Chanel.

Бела Адид не остави многу на имагинацијата со тоалета на Alexander Wang. Мадона пак се обложи на маскирно со брендот Moschino.

Влезот за „Мет Гала“ чини 30 000 долари, а да резервирате маса за свечената вечера ви требаат за 275 000 долари.

Видете ги ѕвездите на Мет Гала во нашата галерија.

Слични содржини