(ГАЛЕРИЈА) Погледнете го имотот што го купи Мадона во Португалија

од Vladimir Zorba

Мадона купи имот за над 6,3 милиони американски долари во Португалија, за да може синот  да ги продолжи тренинзите во фудбал во младинскиот тим на Бенфика.

Пејачката на хитот “Vogue” ја дала импресивната сума за имотот во близина на Лисабон, за да му помогне на 11-годишниот посвоен син Дејвид, кој тренира со младинците на фудбалскиот клуб, да ја продолжи спортската кариера.

“Мадона ја посети Португалија прво во март и фановите полудеа. Една од нив дури ѝ испрати порака во Instagram дека е брокер и таа почна да ја следи. Тогаш стана очигледно дека таа сака да се пресели трајно “, рече анонимен извор за весникот ” Sun “.

“Сега низ целиот град се зборува дека Мадона ќе се пресели во дворецот. Агентите на недвижности потврдија дека го продале на позната личност.

Тоа е неверојатна зграда лоцирана на рид. Во неа има голем број на спални соби и бањи, украсени во чудесниот ориентален стил, иако плановите се да се смени внатрешниот дизајн “, додаде тој.

58-годишната Мадона ги определува двете биолошки и четирите посвоени деца како своето “најголемо достигнување”.

Видете ја зградата во галеријата.

Слични содржини