Ел Макферсон продава луксузна колиба во зимскиот центар Аспен, Колорадо за сериозната сума од 35 милиони американски долари.328d7aa1c201a22bdf633677de4e2d78

Покрај оваа куќа, 51-годишниот австралиски супермодел има станови во Њујорк и Лондон.

Предметниот викенд дом убавицата го споделува со својот последен сопруг – милијардерот Џефри Софър.

Куќата има 10 спални, 10 бањи, супермодерен мебел и се наоѓа во комплекс од затворен тип. До 2009-та година имотот бил сопственост на саудискиот принц Бандар бин Султан.

Ел и Џефри редовно ги поминуваат божиќните и новогодишните празници на ова место, бидејќи се страсни скијачи.

Двојката склучи брак во август 2013 на островот Фиџи. Двајцата се заедно од 2009 година, но се разделија за кратко во 2012 година

Видете ги фотографиите од „колибата“ во галеријата.

Слични содржини