Футуристичкиот ракопис на Карл Лагерфелд ја зазема сезоната пролет-лето 2015 со новата кампања на Fendi .60555857cb5de5c87d970f9a605e0c32

Модната куќа ја претставува 20-годишнатаЛиндзи Виксон позната по својот куклен изглед, која соработува со Надја Бендер и Бинкс Волтон во претставувањето на последните предлози.

Кадрите се снимени во модерен пентхаус со прекрасни пејзажи.

Женствените фустани се украсени со ефектни пердуви, блузи кои ја нагласуваат силуетата и мајсторството на прецизната обработка со ласер.

Омбре ефектите, како тренд за кој дефинитивно мислевме дека  заоѓа од модното небо, го бележат својот силен камбек.

Прелевањето на контрастни бои е позајмено како ефект за густи елеци со патент. Посебно место во кампањата е определено на додатоците на Fendi – како предлози, кои добро ги познаваме од минатите сезони, така и сосема нови модели.

Рекламната кампања на Fendi за пролет-лето 2015 е дело на креативниот директор на модната куќа, Карл Лагерфелд , а кадрите од неа можете да видите во нашата галерија.

Слични содржини