triumfalna-2

Во знакот за борба против фашизмот помина денешниот протест на граѓанската иницијатива „Протестирам“. Неколку илјадници демонстранти се собраа пред просториите на СЈО и оттаму тргнаа кон паркот „Жена борец“ каде што во име на „Шарената револуција“ положија цвеќе на споменикот на паднатите борци.

polozuvanje-cveke

На присутните им се обрати Димче Најчевски, 91 годишен борец против фашизмот.

– Почитувани учесници на протестите на „Шарената револуција“ нашата денешна борба не е многу различна од онаа што се водеше порано. До сега на сите протести против ненормалниот и ненародниот режим нашата револуција симболизира борба. „Шарената револуција“ е израз на гласните желби за социјална правда, мир и борба против тиранијата – рече Најчевски кој имал 17 години кога учествувал во Втората светска војна.

protest-zena-park

Тој на крајот демонстрантите ги поздрави со познатото мото на „Протестирам“ – „Нема правда нема мир“.

pred-SJO-2

На протестот говореа претставници на „Наставничкиот пленум“ и од левичарското здружение „Солидарност“.

– Ние сме жртви на нашиот фашизам. Ако порано се боревме против фашизам кој беше инсталиран од надвор, сега се бориме со фашизам инсталиран од внатре. Се бориме против она за кое што нашите мајка и баби се бореле во 1945 година. Да не дозволиме тоа да ни се повтори – рече Соња Стојадиновска од „Солидарност“./извор Мета

protest-zena-park-2

Слични содржини