Рафаел Надал позираше во елегантен црн костум за насловната на новиот број на GQ, Шпанија (септември 2015). Поводот најубавиот шампион во тенис да е лице на машкото издание е фактот дека неодамна тој склучи договор со американскиот моден бренд Tommy Hilfiger.689c3ddaff23950faff5cd1dd3d99732

Убавиот Надал ќе е рекламно лице на линијата долна облека на брендот за кампањата 2015-та.

Како што се гледа од кадрите Рафаел има одлична фигура и дефинитивно може да си дозволи да рекламира долна облека, со таков успех, со каков позира и во костимите на Tommy Hilfiger за GQ.

29-годишниот тенисер во последно време нема многу спортски успеси и од број еден во светот се падна до 10-то место во ранглистата,но како што се гледа тоа не се одрази на неговата популарност.

Надал потпишал двегодишен договор со познатиот бренд за облека кој ја користи морската комбинација на бои – сина, црвена и бела боја.

Самиот дизајнер и сопственик на брендот – Томи Хилфигер објасни пред медиумите, зошто го избрал Рафаел за амбасадор на брендот со зборовите: “Бидејќи ние сме глобален бренд така, како што Рафаел Надал е ѕвезда во светски рамки. Покрај тоа, тој изгледа неверојатно во нашата долна облека и во нашите алишта. Тој е олицетворение на вистински маж. ”

Видете ги фотографиите на врелиот шпански спортист во галеријата.

Слични содржини