(ГАЛЕРИЈА) Сестрите Џиџи и Бела Адид позираа како Барби кукли

од Vladimir Zorba

Од сите соработки и инспирации поврзани со Барби, можеби оваа година ја откривме најомилената – новата рекламна кампања на Fendi.

Пролет-лето 2017 доаѓа со уште заедничка работа меѓу сестрите Адид и Карл Лагерфелд.

Тие нè одведуваат во еден волшебен свет во кој владее современата кукла Барби со гардероба, создадена од последните актуелни трендови за сезоната.

Кадрите се снимени во Париз, а на нив гледаме супермодели кои позираат со култните редици потсетници на убавото детство, на позадината на кукленски позадини.

Францускиот рококо стил го добива својот модернистички изглед со вешти флорални елементи, комбинирани со современи силуети и неочекувани детали.

Палетата на бои на производите целосно одговара на целокупниот дизајн и тема на колекцијата – светли, пастелни нијанси на бонбони.

Како изгледаат модерните кукли преку очите на Карл Лагерфелд и Fendi – видете во нашата галерија.

Слични содржини