(ГАЛЕРИЈА) Што јадеа ѕвездите на „Златните глобуси“

од Vladimir Zorba

Што вечераа ѕвездите на овогодинешното издание на “Златен глобус”? Сите чинии исчезнаа од масите пред почетокот на телевизискиот дел, пишува Associated Press.

Оваа година менито, создадено од мајстори готвачи, било салата од цвекло со козјо сирење и ф’стак, проследено со филе мињон и риба Костур. Тие биле послужени на гостите 90 минути пред церемонијата, уште додека повеќето номинирани и други познати личности позирале по црвениот тепих.

Келнерите брзо ги расчистиле масите пред камерите да започнат да пренесуваат во живо. За нив не останува ни трага од храна, кога ѕвездите конечно ќе стигнат до сала. На телевизија се гледаа само чаши, шишиња вино и шампањ.

Скриено од погледите изобилство на храна, сепак имало во соседна просторија. Таму се сервирале мали сендвичи, овошје, сирење и зеленчук. Имало и десерти, кафе и коктели.

Ѕвездите разменувале искуства, мислења или едноставно уживале во друштвото на гала вечерата организирана оваа година од списанието “InStyle”.

Во исто време фотографи, акредитирани за настанот се натпреваруваа да го привлечат вниманието на одбраните гости.

Видете го менито на ѕвездите во галеријата.

Слични содржини