(ГАЛЕРИЈА) Сите кадри од неверојатното шоу на “Викторијас Сикрет“ во Шангај

од Vladimir Zorba

Супермоделите Адријана Лима, Алесандра Амброзио, Стела Максвел, Лили Олдриџ, Карла Клос, Сара Сампајо продефилираа во шоуто на Victoria’s Secret, која се одржа синоќа во Шангај.
Стадионот на кој се одржа култниот моден настан беше преполн од гледачи, а почетокот на шоуто го означи пејачот Хари Стајлс , кој до неодамна пееше во бојбендот “One Direction”.

По неговата изведба следеше ревија на новите модели на брендот, од кои некои беа направени со импресивен накит и скапоцени камења.

Бразилскиот модел, Лаис Рибеиро, на пример, претстави градник од 2 милиони долари изработен од злато и скапоцени камења. Долната облека го носи името “Фантастичниот градник”.

Ангелите на “Викторијас сикрет” првпат зачекорија на писта во Шангај и направија неверојатно убаво и колоритно шоу. Сликите од модниот настан може да се видат во нашата галерија.

Слични содржини