(ГАЛЕРИЈА) Стаклена куќа: Во новиот дом на Ејми Шумер

од Vladimir Zorba

Не е шега – комичната ѕвезда Ејми Шумер купи суперлуксузен пентхаус во Њујорк, за кој можат да ѝ завидуваат повеќето холивудски ѕвезди.40f3602038c8c47dee1accc88a7df0b6

Ејми се одлучи за стаклен пентхаус, кој се наоѓа на последните два ката во модерна зграда во Горен Вест Сајд, за сума од 15 милиони американски долари, асамата зграда е изградена во 2015-та.

Станот има 5 спални, 5 бањи, пространа дневна со трпезарија и тераса со прекрасен поглед кон реката Хадсон и Њу Џерси.

Според експертите домот на телевизиската водителка, која се манифестира и како актерка, наликува на идилична куќа во Малибу, но во срцето на софистицираниот Менхетен.

Ултрамодерниот и суперсветол стан е со површина од 450 квадратни метри. Според некои архитекти – критичари, овој стаклен  кат е премногу сончев и личи повеќе на аквариум.

Видете слики на оригиналниот стан на Ејми во галеријата.

Слични содржини