Студентите и граѓаните кои ги поддржуваат од  пред зградата на СПУКМ се упатија кон Собранието каде повторно ќе го изразат револтот од скандалозните избори за студентси претставници и полицисата бруталност:
CmTKz1RWIAADQnvCmTM7i_WIAEIxXn

(ВИДЕО+ФОТО) Студентите скандираат „СРАМ“

13565412_10208497155164653_375049557_n

Студентите скандирааат „СРАМ“ пред просториите на Студентскиот парламент. Вчерашните избори, чија нерегуларност (покрај ливчињата без печат, обмотаните кутии, носењето студенти и поранешни студенти  пленови на УМС да гласаат )кулминираше со насилно незаконско одземање на гласачките кутии од СПУКМ беше искоментирани како „фер и демократски“./извор Либертас

13563470_10208497156324682_483431165_n 13595655_10208497155604664_1416523913_n 13563301_10208497156444685_941213223_n

Вчера бевме сведоци на фијаското на Студентскиот парламент при УКИМ кој оддржа избори за студентски претседател вон академскиот календар на универзитетот, без паравани за гласање, присуство на лица кои не се студенти, без обновен печат, без студентски листи, ниту пак обежани ливчиња.

Дополнително обременети со бојкот од студентите, наместо да ги поништат изборите, СПУКМ ги грабна кутиите и се даде во бег!
И покрај нашето право да добиеме одговори, добивме само безмилосно газење од страна на ЕБР, добивме насилно влечење од просторот кој ни припаѓа нам! Од универзитетот добивме само молк!

БАРАМЕ

  1. МВР веднаш да ни ги достави извештаите во кои се согледува зошто беа распоредени специјални единици на мирната блокада која се случи пред просториите на Студентскиот парламент
  2. Поништување на изборите за претседател на СПУКМ од страна на Изборната комисија на СПУКМ или в.д. Претседателот на СПУКМ, Кирил Спировски
  3. Изјаснување на Универзитетскиот сенат, Ректорската управа, Ректорот и проректорите, кои мораат остро да ги осудат вчерашните случувања, и не смеат да ги признаат овие срамни избори
  4. Непризнавање на претставниците на СПУКМ во раководните тела на УКИМ од страна на УКИМ
    Во спротивно, пленумот радикално ќе го бојкотира почетокот на академската година и нема да ги уважува одлуките на универзитетските тела.

Ќе го испереме овој академски срам! Ќе победиме! – стои во најавата на протестот.

CmTMNaRXgAAM3maCmTKz1RWIAADQnv (1)

Слични содржини