Во фасцинантниот град Гуанахуато во централниот дел на Мексико има многу тесни улички и патеки, но една е наречена “El Callejon del Beso” или кажано на македонски “Улицата на бакнежот”.c97275b5f5e95409441c3bb0a1f4a6c1

Предметната уличка е толку тесна, што практично е многу погодна за скриени милувања и бакнежи.

Секој ден, особено за време на романтичниот месец февруари, стотици парови чекаат трпеливо ред, за да поминат под балконите на оваа улица и да се бакнат.

Според верувањето по овој чин ги очекува петнаесет години среќа.

Традицијата настанува од локална легенда за двајца трагични љубовници кои ја користеле уличката, за да се бакнуваат тајно во балконите. Девојката се викала Кармен и била ќерка на богат Шпанец, а омилениот Луис бил од семејство на сиромашни рудари.

Младиот Луис изнајмил една мала соба, токму спроти нејзиниот прозорец и балкон.

Без знаење на нивните семејства двојката се сретнала доцна во ноќта и се бакнувала до изгрејсонце. Драмата настанала кога таткотото на девојката ги открил вљубените, полуден од гнев, грабнал нож и ја пробил во градите сопствената ќерка.

Некои луѓе велат дека Луис се обидел да ја заштити, скокнал од балконот, но се сопнал, паднал и си го скршил вратот.

Денес спалната на Кармен е претворена во продавница за подароци. Посетителите можат да се прошетаат на судбоносниот балкон и да ги напишат своите имиња и пораки на мали катанци, кои се закачени зад метални решетки на балконот.

Видете ги сликите од улицата во галеријата.

Слични содржини