Почетна / (не)Секојдневно / (ГАЛЕРИЈА) Уникатни фотографии: Видете го секојдневниот живот во Пјонгјанг – слики од престолнината од затворената земја во светот

(ГАЛЕРИЈА) Уникатни фотографии: Видете го секојдневниот живот во Пјонгјанг – слики од престолнината од затворената земја во светот

Северна Кореја, една од најпознатите затворение земји во светот, во последно време трајно ги зазеде првите страници на медиумите, пишува РИА Новости. Впрочем, тоа во никој случај не влијае на секојдневниот живот на жителите на Северна Кореја. Дописникот на руската агенција Илја Питалев успеал да го посети Пјонгјанг и донесе фотографии за животот на обичните граѓани.

Името на главниот град – Пјонгјанг – се преведува од корејски како “широка земја, пријатна месност”.

Метрото во Пјонгјанг е изградено уште во 1973 година и е првото на Корејскиот полуостров. Целата должина на двете линии сочинува 22,5 километри. Метрополата е најевтина во светот.

Во градот се движат исто така многу тролејбуси и трамваи. Но автомобилите по улиците се реткост.

Портретите на Ким Ил Сунг и Ким Јонг Ил низ Пјонгјанг се на секој чекор – дури во вагоните на метрото.

Образованието во Северна Кореја е бесплатно и задолжително. Децата прво одат во градинка, а потоа четири години во основно училиште, а потоа до 16 години добиваат средно образование.

Родителите можат да ги дадат своите деца во обично училиште или во специјализирано.

И во двата вида се посветува многу време за проучување на комунистичките идеали и животот на “великиот Ким Ил Сунг”. Но не се пропуштаат и другите предмети, на пример музиката.

Во Северна Кореја сериозно е развиен спортот – од традиционалниот корејски боен спорт Таекуондо до најпопуларните во целиот свет фудбал и одбојка.

Последниот пат кога фудбалска репрезентација на Северна Кореја учествува во светско првенство беше во 2010 година.

Во Пјонгјанг течат две реки – Тедонган и Потхонган. Сосема недалеку од престолнината Тедонган се влева во Жолто Море.

На брегот на Тедонган се наоѓаат Споменикот на идеиалите и плоштадот Ким Ил Сунг.