Граѓаните на Велес по тринаесетти ден протестираат.

Трет ден протестот е во боите на Шарената Револуција. Тргнувајќи од банерот, шарените балони и попатното боење на постерите од Ѓорѓе Иванов и Никола Груевски и Славчо Чадиев на повеќе локации во градот.

Протестот започна од пред кружниот тек кај Авона.

Демонстрантите се движеа по улицата Благој Ѓорев, покрај кафе баровите во Велес. Демонстрантите извикуваа Апаши, Вратете ги парите, Поддршка за СЈО, Револуција, Затвор за фашистите, Мафија на робија.

Протестот заврши на плоштадот С’рмаале. Тука беа повторно прочитани седумте барања на граѓанското движење Протестирам.

И покрај силниот дожд вечерва имаше повеќе стотици демонстранти, протестот заврши мирно без инциденти.

Утре продолжуваат протестите во Велес.

промо:

Слични содржини