(ГАЛЕРИЈА/ВИДЕО) Градоначалниците на италијанските гратчиња: Го видов пеколот пред моите очи, градови веќе нема, сè е срушено..

од desk3

Градоначалниците на градчињата Усита и Аркуита дел Троно кои беа на удар од силниот земјотрес дел ги опишаа рaзрушителните последици на земјотресот. “Ова е катастрофа, катастрофа е!”, рече градоначалникот Марко Риналди пред АНСА. “Спиевме во автомобил и го видов пеколот пред очите”, додаде тој. Слично на Риналди, многу луѓе спиеле надвор во своите автомобили или се евакуирале во хотели и засолништа во други области по силните потреси од средата. Во Аркуата дел Троно што беше уништена од земјотресот во август кој уби над 3000 лица, градоначалникот Алеандро Петручи рече: “Само веќе нема град … Сè е сринато”.

Што знаеме за потресот до сега:

– Земјотрес со интензитет од 6.6 степени по Рихтер ја погоди централна Италија

– Европскиот сеизмолошки центар го локализира епицентарот на 132 километри североисточно од Рим и на 67 километри од Перуџа, во близина на епицентарот на потресот од минатата недела.

– Во моментов податоци за жртви не се објавени. Потресот удрил претежно области, кои веќе биле евакуирани по претходните потреси. Разурнувањата сепак се огромни.

– Земјотресот ја урна базиликата во Норча, која сега е срамнета со земјата заедно со цели региони во Аркуита дел Троно и Усита.

– Земјотресот бил толку силен што се почувствувал во Рим, каде што властите го прекинаа движењето на метрото, исто така и на границата со Хрватска и Словенија.

– Земјотресот е регистриран утрово на 67 километри од италијанскиот град Перуџа, Централна Италија, и е најсилниот од 1980 година

Стефани Кирхгаснер го напиша следново од Рим: “Се разбудив од земјотресот”. Жанпаоло Џиновели, кој живее во реонот Фламимио во Рим изјави за “Гардијан”: “Станот почна да се тресе. Се чувствува потресите во Рим, но не и толку силно. Секој пат кога ќе ги почувствуваме ни е страв”.

Азија Стафоли, мајка на две деца од Рим, рече дека нејзиниот сопруг токму седнал да вечера со шестгодишната ќерка, кога тие го почувствувале земјотресот. Земјотресот силно го тресел нивниот стан. “Го хранев 7-годишниот син, кога се случи. Брзо избегавме од станот”, рече таа.

https://youtu.be/NZ6piutdzvY

 

 

https://youtu.be/YYHSIDCYBoE

 

https://youtu.be/8vWs8nX6hic

Слични содржини