Актерот Чарли Ханам доби нов дом во Лос Анџелес, за кој изброи 2,7 милиони американски долари.6d09a3f0b953440adeb4d977d2deab18

Британскиот убавец, познат од серијата “Синови на анархијата”, си купил куќа изградена во далечната 1926 година, но затоа пак домот претрпе целосен ремонт.

На имотот на Чарли има четири спални, голема дневна, модерна кујна, домашно кино и др. Куќата е со површина од околу 320 квадратни метри, на два ката е, а според архитектурата личи доста на хациендите по Медитеранот.

Природно, имотот на Ханам може да се пофали и со убава градина, во која има отворен базен и зона за релаксација.

Разгледајте ги сликите на домот на актерот во галеријата.

Слични содржини