(ГАЛЕРИЈА) Во раскошниот имот на Џејсон Деруло

од Vladimir Zorba

Зградата на раперот Џејсон Деруло може да биде една од најатрактивните во реонот на Флорида.675a4876f0873ba2cfb6d4e81cbe3322

27-годишниот музичар живее во огромна куќа на два ката во медитерански стил. Таа има 9 спални, 5 бањи, огромен базен, џакузи, куќа за гости, огромна гаража, фитнес и импресивен двор со повеќе зони за седење и забава.

Зградата е изградена во 2009 година и се наоѓа во непосредна близина на елитниот голф “Adios Golf Club”.

Џејсон го купува имотот во 2012-та за 2,9 милиони долари, по што го реновирал целосно, за тој да одговара на неговиот попретрупан вкус.

Покрај тоа Џејсон може да се пофали со наполнет бар во предворјето на главната бања. Пред списанието People Деруло објаснува: “Имам неколку барови во целата куќа. Нема да одам до долниот кат, ако ми се пие мохито, на пример. Тоа е само за погодност “.

Минатата година Деруло купи и куќа на западниот брег за 3,5 милиони долари. Таа се наоѓа во квартот “Таразана” на Лос Анџелес и е веднаш до имотот на неговиот колега Крис Браун.

Истражете ја зградата на Деруло во галеријата.

Слични содржини