138
Здружените ирачки сили и денеска продолжуваат со операцијата за ослободување на Мосул од терориститите на ИД, информира српски курир.
На вториот ден од воената операција силите на Багдад го опколиле стратешки важното населено место Шура, кое се наоѓа на југот од Мосул.
Ирачкиот офицер Наџим ал Џубури потврди дека здружените сили на ирачката војска и полиција се наоѓаат на југот од Мосул и потполно го опколиле местото Шура кое се наоѓа на 40 километри од градот./ извори српски курир фото Анадолија