(ГАЛЕРИЈА) Жешки тела: Кели Гејл за Плејбој

од Vladimir Zorba

Ангелот на Victoria’s Secret – Кели Гејл ги привлече погледите кон себе откако сними провокативна фотосесија за Playboy.431fd00ddaafdbd7f02656a8a094d376

21-годишната убавица е од мешано потекло – во вените ѝ тече шведска, индиска и австралиска крв.

Кели позираше за насловната на машкото списание, неколку месеци откако GQ, Индија ја прогласи за број еден од “50-те најдобри нешта во светот”.

Мис Гејл е отворена за модната индустрија, кога има едвај 13 години, откако модните извидници ја забележале во кафуле во Гетеборг.

Нејзиниот голем пробив доаѓа во 2012 година, откако таа дефилира во модна ревија на Шанел. Потоа доаѓаат предлози од H & M, Tommy Hilfiger, Ralph Lauren, Jean Paul Gaultier и др.

Таа дефилира за Victoria’s Secret во 2013 година и 2014 година.

Неодамна егзотичната убавица се појави во музичкото видео на Енрике Иглесијас – Duele El Corazon.

Во интервјуто за списанието Кели вели: “Жените во Шведска се третирани со почит на револуционерно ниво. Не сум видела такво нешто на друго место!”

Жешката убавица има сериозен пријател и не е изненадување што тој е Швеѓанец.

Видете ги фотографиите на Кели во галеријата.

Слични содржини