Гамбија стана третата африканска земја која се повлекува од Меѓународниот кривичен суд

од desk3

 

Претседателот на Гамбија, Јахја Јамех соопшти дека неговата земја се повлекува од Меѓународниот кривичен суд (МКС), незадоволна, затоа што, како што рече, обвинува и понижува само Африканци.

Малата западноафриканска земја е третата држава на „Црниот континент“ која се повлекува од Судот, протестирајќи против неговата, наводна, пристрасност.

showimage-ashx_-758x437

Претходно тоа го направија и Бурунди и Јужна Африка.

– МКС целосно ги игнорира западните воени злосторства, па излегува дека тој се претвори во меѓународен суд на белците за обвинување и понижување на обоените луѓе, а посебно на Африканцитем изјави во Банџул, гамбискиот министер за информации Шериф Бајанг.

Засега нема реакции од МКС за незадоволството што се шири низ африканските земји, но главниот обвинител на Судот е Африканецот Фату Бенсуда, кој е поранешен министер за правда на Гамбија.

Претседателот Јахја Јамех е на власт во земјата цели 22 години од воениот удар во 1994 година. Во декември годинава во Гамбија се одржуваат парламентарни избори, но никој не верува дека Јамех ќе ја загуби власта.

Опозицијата е обезглавена, откако нејзиниот лидер Оусаину Дарбое и други 18 опозициски политичари беа уапсени и осудени на три години затвор, обвинети дека организирале протести без претходно да побараат и добијат дозвола од власта.

Меѓународниот кривичен суд почна да работи во 2002 година, со цел да се санкционираат најтешките воени злосторства.

Во МКС членуваат 123 земји, но не и САД и Русија. Во изминатите 14 години, обвинувања се подигнати само против Африканци.

Слични содржини