Гардијан: Лондон го разгледува протерувањето на руските дипломати за убиството на Скрипал

од Vladimir Zorba

Убиството на Скрипал отвора цела низа можности за Велика Британија да спроведе антитерористички мерки.

Обединетото Кралство може да преземе серија унилатерални анти-руски мерки во врска со труењето на рускиот агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Солсбери, објави “Гардијан”.

Ова може да вклучи и протерување на голем број дипломати, вклучувајќи го и рускиот амбасадор. Медиумите истакнува уште дека Лондон може да ги замрзне и средствата на поврзани со Кремљ руски олигарси и руски функционери кои не се во можност да докажат потеклото на стекнатата финансиска сопственост во Велика Британија. “Гардијан” додава дека не е исклучено да бидат воведени и построги мерки против оние Руси, кои се обвинети од британските власти за кршење на човековите права. Земјата најверојатно ќе ја прогласи Русија за спонзор на тероризмот. При такво сценарио на Москва ќе биде наложена забрана на извозот на оружје, на приемот на економска помош, како и издавање на визи.

Локално.мк  потсетува дека сè уште постојат стравувања дека Велика Британија ќе активира и постапката по Член 5 од Вашингтонскиот договор, според кој воениот напад врз еден член на НАТО претставува напад врз сите

Слични содржини