„Гардијан“: Трамп нема да го посети Лондон додека не добие поддршка во Британија

од Vladimir Zorba

Официјалната посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Велика Британија е одложена откако тој по телефон ја известил премиерката Тереза Меј дека не сака да патува во Лондон се додека нема јавна поддршка за посетата, објави денеска “Гардијан”.

“Гардијан” пишува дека Трамп рекол оти нема да замине во посета на Британија ако има јавни протести низ државата.

Извор за весникот е советник на Меј кој присуствувал при разговорот. За посетата не беше назначен конкретен датум.

Портпарол на Кабинетот на Меј засега не ги коментираше наводите на весникот. Меј го покани Трамп да ја посети Британија седум дена по неговата инаугурација, откако беше во посета на Белата куќа.

Слични содржини