Гарет: Протерувањето на руски дипломат е моќен израз на солидарност од Македонија

од desk2

Амбасадорот на Велика Британија во Македонија, Чарлс Гарет, преку објава на социјалната мрежа „Твитер“ ја поздрави одлуката на македонското МНР да протера еден руски дипломат поради случајот Скрипал.

„Ја поздравувам одлуката на Македонија, како дел од една исклучителна, обединета акција од меѓународната заедница против рускиот напад со нервен гас на британско тло. Моќен израз на солидарност“, напиша амбасадорот Гарет.

Македонското МНР попладнево соопшти дека одлуката била донесена по консултации со сојузници и партнери од ЕУ и НАТО.

Дипломатските бранувања започнаа откако Велика Британија протера 23 руски дипломати поради наводна вмешаност на Русија во труењето. Ваквиот потег потоа го прифатија повеќе земји сојузници, а Москва презеде соодветни мерки.

Слични содржини