Гаревски: Нема поврзаност на земјотресот со поплавите

од Vladimir Zorba

Афтершокови се сосема очекувана појава по земјотрес со ваква јачина. Земјата е можно да продолжи да се тресе, но тоа се обично мали потреси. Во Италија по земјотресот во Аматриче на 24 август следуваа 2.500 помали афтершокови. Тука нема место за паника. Земјотресот силно се почувствувал и јас им советувам на оние кои се вознемириле да излезат надвор на половина час, да се смират. Нема опасност од паѓање на згради или нешто слично па можат да останат надвор безбедни. Ваков совет не даваме доколку земјотресот бил со разурнивачка моќ – вели Гаревски.

И овој земјотрес Гаревски не го поврзува со поплавите.

– Иако можеби случувањата ме демантираат, во светот не постои ниту еден научен труд кој што ќе ги поврзе поплавите со земјотрес. Земјотресите се случуваат поради придвижување во длабоките слоеви на земјата до кои површинската вода и не допира- вели Гаревски.земјот

Серија земјотреси чии епицентри се наоѓаат во Скопското епицентрално подрачје утринава се регистрирани од Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет соопшти дека два од земјотресите се почувствувани во Скопје и околината.

Првиот се случил во 06 часот и 58 минути со јачина од 3,9 степени по Рихтер, а вториот земјотрес во 06 часот и 59 минути со јачина од 2,8 степени по Рихтер.

Според Европскиот Медитерански сеизмолошки центар, земјотресот бил со магнитуда од 4,4 стпени според Рихтер, а епицентарот бил на 3 километри југоисточно од Скопје, во реонот на Црешево, на длабочина од 2 км

Слични содржини