Гасне ли Хју Хефнер? Мистер “Плејбој” ослабе до 40 кила

од desk3

Основачот на “Плејбој” Хју Хефнер е во многу тешка здравствена состојба. 90-годишниот бизнисмен, познат по развратниот начин на живот, губи тежина и веќе достигна до критичните 40 кг, соопштува “Page Six”, цитиран од “Life and Style”. “Изгледа како да стигна до 40 килограми и многу болен. Неговите луѓе навистина се обидуваат да го прикријат тоа. Дури треба да потпишеш изјава за доверливост, ако сакаш да го видиш “, соопштува извор.

1475253639-huu

Претставник на “Плејбој” ги негира информациите, велејќи дека Хефнер е добро. “Не е тајна дека во последните неколку години тој страда од болки во грбот, што му отежнува да се движи, но на 90 години тој се радува на животот и се уште е многу активен во секојдневните активности околу издавање на списанието”, објасни тој .

Слични содржини