Гацов: Мора да има промена во даночната политика

од Vladimir Zorba

Владата при кроењето на ребалансот ќе мора да крати од сите ставки кои се непродуктивни, економски неиздржани и мегаломански, информира АлсатМ.

Ова е ставот на дел од економските аналитичари. Тие препорачуваат и менување на даночната политика оти досегашната не дала многу резултати. Павле Гацов вели дека Рамниот данок е главна пречка зошто тешко се полни државната каса.

„Треба да претстои мини даночна реформа. Посериозен зафат кој ќе генерира поинаков режим на прибирање на даноците, затоа што испадна дека ние со рамниот данок го зацементиравме приходите. Од друга страна тоа овозможи и генерирање на одлични профити за компании кои беа под државна сенка. На макро ниво, со анализата се покажува дека профитите ги победуваат платите, мерено во БДП, што во Европа е бесмислено, а го нема и во регионот. Испаѓа дека овде било „Елдорадо“ за бизнисмените, а за работниците не било добро “ – изјави Павле Гацов, економски аналитичар.

Гацов вели дека според последните анализи земјава прибира многу мал процент од предвидените даноци, што од друга страна значи и помалку пари во државната каса.

„Факт е дека Македонија собира премалку даноци. Да се споредиме со главниот индикатор процент на даночни приходи или Буџетски приходи во БДП, ние едвај една третина или нешто над тоа собираме, а Словенија над 50 %. Што значи дека нашиот даночен товар е премал за да издржи ваков голем Буџет.“ – додава Гацов

Од Министерството за финансии со став дека се работи на целокупниот систем на оданочување, а се анализира и кои даночни реформи ќе се парават, но со претходни анализи и без брзање./извор АлсатМ

 

Слични содржини