“Газпром” продолжува да го освојува европскиот пазар

од Vladimir Zorba

Рускиот гасен гигант “Газпром” продолжува да ги зголемува испораките на гас во Европа. Од 1 јануари до 15 јули 2017 година компанијата извезе во странство 102,9 милијарди кубни метри гас, што е за 12,3% повеќе во однос на истиот период на 2016 година

При тоа обемот на производството е 248,8 милијарди кубни метри, што е за 39,3 милијарди кубни метри или со 18,8% повеќе во однос на минатата година. Уделот на “Газпром” на европскиот пазар веќе надминува 30%.

Испораките на гас се зголемуваат речиси во сите земји од Европа. Во Германија обемот на испораките е зголемен за 16,7%, во Австрија со 77,2%, во Чешка со 24.8%, а во Словачка со 25,8%. Во 2016 година растот на понудата беше 12,5%, а обемот достигна 179.3 милијарди кубни метри. Оваа година “Газпром” може повторно да го собори историскиот рекорд, зголемувајќи ги испораките до над 180 милијарди кубни метри.

Слични содржини