Ген. Стојанче Ангелов за денес во 12 часот најавува масовен протест пред зградата на МРТВ, кој е продолжение на повеќето протести кои се случија деновиве од 19 часот, и кои завршуваа пред Обвинителството. Тој за денеска најави ненасилно влегување во МРТВ и пуштање на снимките кои телевизијата досега не ги емитувала.

stojanche_izjava_mtv_16-3-15-1-600x4001-540x360

„ВЕ ОЧЕКУВАМ ДЕНЕС ВО 12.00 ПРЕД МРТ!
Во ниеден филм лошите не си одат сами! Се појавуваат добрите и ги бркаат! Без насилство! Со љубов“, напиша Ангелов утрово на својот Фејсбук профил.

Тој упати повик и до членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Патриотот секогаш мора да биде подготвен да ја одбрани својата земја од својата влада!
Дојдете ДЕНЕС во 12.00 часот пред МРТ. Барем ислушајте ме. Не мора да се согласувате со мене. Без насилство! Со љубов“, пишува Ангелов.

Инаку, Ангелов вчера испрати последен повик до државниот јавен обвинител Марко Зврлевски да се изјасни околу соопштението кое уредникот на МРТ, Горан Петрески, го користи како изговор, дека наводно било забрана за објавување на снимките од „бомбите“ на опозицијата. Како што во повеќе наврати истакна Ангелов, соопштението е нејасно и во него не е наведен закон и член од закон според кој се забранува објавувањето. Тој, исто така, упати последен повик до МРТВ, синоќа во вестите да објави подолг прилог со клучните делови од досегашните снимки.

Ниту имаше одговор од Обвинителството, ниту пак МРТВ пушти некоја од снимките, па Ангелов од синоќешниот протест го најави ненасилниот упад.

– Уредникот Горан Петревски лаже. Нема писмена забрана од обвинителството со кое им се забранило да ги објавуваат бомбите. Овој лаже, а фраерот Зврлевски и денеска ми се скри, не сака да ме прими, немал време – рече генералот Ангелов.

Тој пред насобраните кажа дека денеска обвинител му се јавил од, како што, рече таен телефон и му рекол:

„ Генерале, нема таква забрана од обвинителството, Вие сте во право, ве лажат“.

Слични содржини