Генералот број №1 на САД ги посочи главните воени закани од Русија за Западот

од desk4

“Воената експанзија” на Русија стана “главната закана за Европа”, поради што Алијансата – НАТО треба итно да се соочи во нејзина заштита. Ова го изјави шефот на Здружениот комитет на Генералштабовите на вооружените сили на САД генерал Џозеф Донфорд за време на посетата на Брисел, информира Newsweek.

Според генералот неопходно е да се обрне внимание на активностите на Русија, кои се одвиваа во последните неколку години, како и на воените инвестициите кои Москва ги направи во последните 10 години.

“Нема ниту една компонента на руската армија, кој во последнава деценија не бил модернизиран до некој степен”, рече генералот. Џозеф Донфорд, додавајќи дека нападот на Русија може да биде во форма на офанзива против Западот.

Според него, тоа може да биде комбинација на нестандардни и информативни операции, а исто така економска принуда и политички притисок. “Никој од нас не се чувствува удобно во ситуацијата во која се наоѓаме. Ако не ја гледате заканата, вие сте зад времето.Требва да бидете будни”, заповеда највисокиот американски командант.

Слични содржини