Геомагнетна бура ќе ја погоди Земјата

од desk2

Земјиното магнетно јадро утре че го погоди геомагнетна бура со најслаба јачина, соопштија од американскиот Центар за предвидување на времеските прилики и Агенцијата за проучување на океаните и атмосферата.

Станува збор за феномен кој може да влијае на електромрежите, сателитите и авионските линии и да предизвика застој во цел свет.

Геомагнетна бура е повремено попречувае на земјината амагнетосфера и предизвикана е од активноста на Сонцето, кога ударниот бран и облак од магнетно поле на Сончевиот ветар заедно со Сончевите факели и коронално изфрлање на маса ја напаѓаат Земјата , поточно нејзиното магнетно поле три дена по Сончевата активност.

Геотермалните бури траат обично еден или два дена, но може да траат и со недели.

Според соопштението, оваа геомагнетна бура е класифицирана на скала од до 5 со G-1, што значи дека ќе биде најслаба.

Сепак, таа бура може да предизвика слаби ослцилации на мрежните станици и помало влијание на сателитските операции, како и н животните кои мигрираат.

Бура со јачина од G-5, на пример, би влијаела на електричната енергија и на безбедносните системи во цел свет, па може да дојде до пад на системот на компјутерските мрежи и големи оштетувања на трансформаторите.

Затоа може да дојде до снемување на струја секаде.

Таа може да наштети и на радиобрановите и да створи целосен хаос во општеството, така што интернетот, мобилните телефони, GPS системите не би работеле.

Карингтоновиот настан е најголема забележана геомагнетна бура во историјата, а се случила во септември 1859 година.

Од скоро е познат случајот од 1989 година, кога за време на една таква бура четири сателити биле во дефект една недела.

Влијанието на геомагнетните бури допрва се проучува, но гулабите писмоносци на пример ја губат ориентацијата.

Слични содржини