Герила акција: „Се бориме за Прилеп да пишти и да вришти“

од desk3

timthumb-1-2-696x342

Група граѓански активисти вчера и денеска спроведоа герила-акции низ повеќе градови во Македонија.

Акциите беа во Прилеп, Струмица, Велес, Битола, Тетово и Куманово. Во Битола беше залепена пораката „Поголема провизија за повеќе станови. Ви благодарам битолчани, Владимир Талески“, во Велес „Се бориме за уште 10.000 иселени велешани. Поздрав Илија Димовски“, во Прилеп „Се бориме за Прилеп, да пишти и да вришти. Поздрав Миле Јанкиески“, а во Струмица „Се бориме за иселување на младите од струмичко до 2020 – ВМРО-ДПМНЕ“.

Според активистите на „Мк герила“, целта на оваа координирана акција била да се прикаже ставот на граѓаните за вистинските мотиви кои стојат зад таканаречената борба за Македонија на ВМРО-ДПМНЕ.

МЕТА

Слични содржини