Германија даде азил на 200 турски државјани со дипломатски пасош

од Vladimir Zorba

Речиси 200 турски држајани со дипломатски пасоши добија азил во Германија по неуспешниот обид за преврат во Турција во јули 2016 година. Од 249 Турци со дипломатски пасоши кои побарале азил во Германија, на 196 им било дозволено да останат во земјата, се наведува во официјалниот одговор на германското МВР на парламентарното прашање поставено од една левичарска партија. Во информацијата на германското МВР не се соопштува колкав е бројот на турските војници кои добиле азил во Германија.

Слични содржини