Специјалниот ополномоштеник за Западен Балкан, Турција и државите на ЕФТА, д-р Ернст Рајхел, на 28 октомври 2015 година го покани на разговор македонскиот амбасадор во Берлин, г-н Сашо Марковски, во Mинистерството за надворешни работи, за да му ги пренесе разочарувањето и загриженоста на Сојузната Влада за имплементацијата на спогодбата од Пржино, која сѐ уште изостанува. Какао и петте амбасадори во својата изјава од 27 октомври 2015 г. во Скопје, д-р Рајхел исто така истакна дека ВМРО-ДПМНЕ мора да ја покаже потребната волја и најбрзо што може конструктивно да ги спроведе Спогодбите од 2 јуни и 15 јули 2015 година.

merkell

Целта на Спогодбата е да се создадат еднакви шанси за сите партии за претстојните избори, пред сè, преку спроведувањето на препораките за реформи содржани во таканаречениот Прибе-извештај. Понатамошно неспроведување ќе има последици врз оценувањето на земјата од страна на Европската Комисија во претстојниот извештај за напредок.

Д-р Рајхел, исто така нагласи, дека СДСМ мора и понатаму да се однесува конструктивно и да се придржува до обврските преземени со спогодбата од Пржино, особено да не објавува понатамошни снимки од телефонски разговори.

Интегрален текст од соопштение на Германска амбасада во Скопје

Слични содржини