Германија ќе понуди повеќе пари за буџетот на ЕУ

од desk2

Министерот за надворешни работи на Германија Зигмар Габриел најави дека неговата земја би можела да понуди повеќе пари за заедничкиот буџет на Европската Унија.

Во текст кој го објавува денешното издание на весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ Габриел вели дека „инвестицијата во Европа е инвестиција во нашата иднина“, јавува дописникот на МИА од Берлин.

– Секое евро кое го ставаме во буџетот на ЕУ се враќа назад неколку пати, директно или индиректно, вели шефот на германската дипломатија од редовите на Социјалдемократите.

Германија е најголем донатор во заедничкиот буџет на ЕУ но според Габриел некои земји членки како Шведска и Холандија даваат повеќе пари за унијата ако се пресметува по глава на жител на земјите членки.

Слични содржини