Германија не ја признава независноста на Каталонија

од desk4

Германија ја поддржува шпанската Влада и нема да ја признае независноста што денеска ја прогласи каталонскиот парламент, изјави портпаролот на германската Влада Штефан Зајберт.

Според него, Берлин е загрижен поради ескалацијата на случувањата во Шпанија, напоменувајќи дека едностраното прогласување независност „ги прекршува принципите на суверенитетот и територијалниот интегритет на Шпанија“.

– Германската Влада не познава таква декларација на независност. Берлин ја поддржува јасната позиција на шпанскиот премиер Маријано Рахој во неговите заложби да го врати мирот и редот. Се надеваме дека сите вклучени страни ќе ги искористат можностите за дијалог и деескалација, рече Зајберт.

Слични содржини