Германија подготвува санкции против САД

од desk3

 

Специјализираната економска агенција Platts, која влегува во американската група компании S & P Global Inc, соопшти дека “во Берлин се водат разговори за одмазднички санкции против САД” во контекст на потребата да биде заштитен европскиот енергетски пазар од  експанзијата на САД, алатка за која служат најновите санкции против Русија. Според оценката на агенцијата, новиот пакет санкции, дури и да поминат во Конгресот на САД и да бидат потпишани од претседателот Трамп, нема да влијаат врз изградбата на “Северен тек – 2”, но односите меѓу САД и ЕУ ќе бидат сериозно оштетени.   Информациите за “санкции против САД” претставуваат голем интерес, бидејќи Platts не е некаков медиум, туку многу влијателен специјализиран субјект по доставување на точни информации за цените и трендовите на светските пазари на енергија, а неговите корисници се професионалци од нефтениот сектор кои не ја ценат  скандалозноста туку реалните  проценки.   Platts не е единствениот извор на информации за можни европски санкции против САД. Во интервју за агенцијата Ројтерс германскиот министер за економија Бригита Циприс исто така соопшти за “контрамерките” против САД, кои можат да бидат прифатени, ако Трамп го потпише пакетот со санкции.   Официјалниот претставник на француската влада, исто така за американските санкции се изјасни со максимално негативни тонови, потсетувајќи ја Америка на потребата од координација на надворешната политика со партнерите од G7, со што ги разлути американските сенатори, кои веќе одамна го заборавиле значењето на зборот “координација” .   Треба да се земе предвид дека во контекст на специфичното уредување на ЕУ добро работи шемата “Германија плус Франција – тоа веќе е мнозинство”.   Ако ситуацијата се погледне од гледна точка на интересите на европските енергетски компании, кои се акционери во “Северен тек – 2” кои не го сакаат на европскиот пазар скапиот американски течен гас, тоа ќе значи дека одмаздничките санкции треба да бидат концентрирани не кон нанесување на економска штета за САД, туку на саботирање на американските обиди да завладеат со европскиот енергетски пазар.   Таквиот пристап ќе биде многу корисен и за европските политичари, бидејќи се оптоварува дополнително европската економија или трговските односи, притоа се брани европската економија од потребата да се купува тројно поскап американски гас. Во овие услови баналната забрана за увоз на американскиот ТПГ во земјите од ЕУ може да стане целосно ефикасна сопирачка на американските обиди да влијаат на европскиот пазар и да влегуваат во ќесето на европските граѓани, а тоа значи дека таква мерка може да најде широка јавна поддршка. Очигледно е дека оваа забрана не е сосема усогласени со правилата на СТО, но и можните санкции против европските гасни компании исто така се грубо прекршување на овие правила. Најважно во оваа ситуација е дека безумната активности на американските сенатори-русофобијата го забрзуваат новиот “геополитички развод” меѓу САД и ЕУ. За прв пат во европското информатичко поле се дискутира за антиамерикански санкции, а европските дипломати и чиновници сурово ги критикуваат американските партнери, кои одамна се навикнати на целосна европска покорност. Американските сенатори вршат безумна политика. Ако тоа продолжи и понатаму, тогаш јазот меѓу ЕУ и САД ќе настапи многу побрзо отколку што се претпоставуваше, а да се запре ќе биде многу тешко.  Ова е една добра вест за Русија.   Судејќи според извештаите во американските медиуми, претседателот Трамп многу добро ги разбира случувањата и затоа се обидува да го ублажи текстот на сенатскиот пакет санкции, но  тешко дека ќе постигне успех.

 

Слични содржини