Германска државна банка по грешка префли 5 милијарди евра

од desk2

Најголемата државна банка во Германија Kreditanstalt für Wiederaufbau (KfW) по грешка префрли  речиси 5 милијарди евра на сметките на четири банки. Грешката е направена во месец февруари оваа година, пишува “Блумберг”.

“Многу брзо ја најдовме и јаотстранивме грешката и успешно го вративме префрлениот износ назад”, се наведува во соопштението на финансиската институција. Во него се нагласува дека банката жали за инцидентот, зад кој може да стои човечки фактор„.

Според податоците на извор на агенцијата, запознаен со ситуацијата, причина за гафот е техничка неисправност, која се појавила како резултат на единечни плаќања, кои повторно биле преведени и тоа неколку пати. KfW е најголемата државна банка во Германија и трета во земјата по Deutsche Bank и Commerzbank.

Слични содржини