Германска подморница со 23 тела најдена крај белгискиот брег

од desk2

Германска подморница од Првата светска војна најдена е во близина на белгискиот брег со тела на 23 лица.


Гувернерот на белгиската покраина Западна Фландрија, Карл Декалуве, за AP вели дека пронајдокот на дното на Северното море е единствен.

„На предната страна има штета од ударот, но подморницата останала цела и 23 лица се уште се во неа“, вели Декалуве.
Подморницата ја нашле истражувачи, но Декалуве не сакал да каже на која точно локација е подморницата, додека местото не биде обезбедено.

За пронајдокот известен е германскиот амбасадот, а треба да се провери што може да се направи за телата заробени во подморницата.

Слични содржини