Германски фирма ќе гради фабрика за тенкови за турската армија

од Vladimir Zorba

И покрај забелешките на опозицијата дека плановите се спротивни на германските закони за извоз на оружје германскиот производител на оружје „Рајнметал“ планира да гради фабрика за производство на тенкови во Турција, пишува весникот „Ди Цајт“.

Од Берлин јавуваат дека гигантот во индустријата за оружје „Рајнметал“ е во преговори со турските власти за изградба на фабрика коха што би производеувала тенкови и друга опрема за турската армија. Извори во комапнијата за весникот изјавиле дека во фабриката ќе се произведува дополнителна опрема за тенковите „Леопард 2А4“ со зајакната антиракетна заштита која ќе може да одговори на антитенковското оружје со кое располага „Исламската држава“ во Сирија.

Компанијата „Рајнметал“ лани остварила приход од речиси три билиони евра што е пораст за 14 % во однос на 2015 година.

За разлика од владините претставници во Берлин кои што молчат за договорот со Турција опозициски активисти ја критикуваат воената соработка со Анкара. На прашањето на германските „Зелени“ дали со договорот се кршат националните закони за извоз на оружје Министерството за економија одговори дека „федералната влада немала конкретни разговори во врска со учеството на Рајнметал во производството на тенкови во Турција“.

Според портпаролот на „Левицата“ Јан ван Акел изградбата на фабриката за тенкови во Турција е „вистински скандал“ затоа што доколку овие информации се точни тогаш официјален Берлин практично дава поддршка на турската влада по неуспешниот воен удар лани во јули.

Турските тенкови од германско производство веќе се користат за напади на турската армија на курдски воени цели меѓу кои има колатерални цивилни жртви во Сирија со што е реално дека и тенковите од новата фабрика ќе бидат користени за исти цели се вели во коментарите на невладините организации кои се противат на германско – турската воена соработка. Плановите за изградба на фабирка за оружје од страна на германска фирма во Турција се изненадување затоа што официјален Берлин и Анкара во последнава година поради низа политички и дипломатски причини минуваат низ најтешкиот период од своите диломатски односи во последниве децении. Пред неколку месеци турската влада го обвини Берлин дека на своја територија дава прибежиште за припадници на терористичката Курдска Работничка Партија (ПКК) и други терористички групи кои се борат против владата во Анкара.

Веста за изградба на фабирката за тенкови доаѓа откако пред два дена официјална Анкара упари сигнали дека сака подобрување на односите со Германија и дека очекува финансиска помош од својот НАТО партнер.

Слични содржини