Во изјава за руската телевизија РЕН, германскиот имам Сами Абу-Јусуф изјави дека за злоставувањата и сексуалните напади кои се случиле за време на новогодишната ноќ во Келн, се виновни самите нападнати жени, бидејќи имале парфем и не биле соодветно облечени.

305EF92100000578-3408033-image-a-10_1453307663271

FOTO- REN TV

– Не се виновни мажите што напаѓале, ако така биле облечени, тоа му доаѓа како долевање масло на огнот, вели имамот, кој инаку проповеда салафизам, ултраконзервативна форма на сунитскиот ислам.

 

По бројните критики на неговата изјава, се обидел да се оправда и вели:

– Имало меѓу жените жртви и оние кои се премалку облечени и оние кои имале парфем. Тоа било сосема доволно за некои северноафриканци да нападнат. Но, тоа не значи дека сметам ои жените не би требало да бидат така облечени, вели Абу-Јусуф.

Според германското обвинителство бројт на тужбите пораснал на повеќе од 800, а од нив 521 се однесува не некој вид сексуално злоставување, вклучувајќи и три силувања.

Германската полиција почна истрага против 21 чице од северноафриканските земји поради учество во нападите во Келн, а осум од нив се моментално во притвор.

 

Слични содржини