Германски медиуми: Зошто Меркел загуби во Берлин

од desk3

Политиката на отворени врати не е единствената причина за лошите резултати на партијата на канцеларката Ангела Меркел, која имаше полоши резултати од националистичката АФД на два од трите последни покраински избори, оценуваат медиумите на германски јазик.

Причините за тоа што ЦДУ стана дури трета партија во изборната единица на канцеларката Мекленбург – Форпомен и особено за резулатот во Берлин може да се бара и во лошото раководење со локалните прашања, сметаат дел од медиумите.

download

Дел од граѓаните се незадоволни од начинот на којшто се решаваат проблемите од актуелната коалиција меѓу Социјалдемократите и Христијанските Демократи на канцеларката. Според медиумите на германски јазик генерално лошата состојба на сите центристичики партии во Германија и Европа се дел од причините за се полошиот рејтинг на Меркел.

И не е само ЦДУ партијат што е во криза, Социјалдемократите коишто продолжат да владеат со Берлин во нова коалиција освоија само 21, 6 отсто од гласовите, што е за 6,7 проценти помалку од изборите во 2011, што според магазинот „Шпигел“ СПД ја прави „најслаб изборен победник на покраински избори на сите времиња“.

Дел од медиумите на германски јазик сметаат дека ерозијата на политичкиот центар е причина за се полошите резулати на ЦДУ и СПД, јавува дописникто на МИА од Берлин.

„Нема препознатлива заедничка политичка основа. Коалициии создадени од повеќе полтички партии како оваа кои што се родени од неопходност, можат да формираат мнозинство но не и нов политички центар“, смета швајцарскиот весник „Дер Тагес – Анцајгер“ пренесува Дојче Веле.

За дел од германските весници постојат граници за заклучоците направени на национално ниво од страна на „Големата коалиција во Берлин.

„Националистичката АФД, „Слобидните Демократи“ и „Левицата“ ги распарчија гласовите на големата коалиција. Главна причина зошто големата коалиција беше поразена во Берлин е нивната ужасна политика“ смета „Тагесцајтунг“. А проблемите за ЦДУ и СПД имаат и историски причини. Според анкетите пред вчерашните избори покажуваа дека покраинската коалиција во главниот град е најнепопуларна влада од обединувањето на Германија.

Други причини за поразот на Меркел се доцнењето и корупциските скандали поврзани со новиот меѓународен аеродром што требаше да биде отворен пред 2 години, проблеми со дефицитот во буџетот на Берлин, зголемените станарини поради зголемениот прилив на туристи, бегалци и миграција од руралните области.

Шокот од огромните 14 проценти за крајната десница во Берлин е поголем ако се знае дека тој важи за отворен град, мултикултурен, либерален и пријателски настроен кон странците.

Резултатите од Берлин сепак треба да се гледаат и од аспект на зголемената поддршка на либералните и левите партии кои наспроти успехот на АФД и генералното зајакнување на крајната десница во Германија ќе го водат главниот град во наредните 5 години.

„Во време кога целата земја се движи кон десно, Берлин заминува во лево“, пишува весникот „Маркише Алгемајне“.

За дел од медиумите не е се така црно во главниот град на Германија.
„Никогаш не било подобро време да се управува Берлин. Проблемите се добро познати. Можностите се секаде. Економските услови се одлични со децении. Процентот на прибирање на даноците е се повисоко. Берлин не е веќе сиромашен и затоа градот може да се надева да стане повеќе од само секси“, пишува весникот „Берлинер Цајтунг./МИА

Слични содржини