Германски професор ги враќа надежите за Шумахер

од desk2

Професорот Марк Оберман, директор на центарот за неврологија во германската клиника „Асклепиос“ внесе нови надежи за враќање на Михаел Шумахер на нормалниот начин на живот. Тој изјави за „Мундо Депортиво“, дека меѓу 30 и 40 проценти од пациентите во кома се будат во четвртата година од повредата. Пилотот токму толкав период се опоравува по инцидентот во Франција кон крајот на 2013-та.

„Не губете надеж. Пациентите во будна кома перцепираат многу повеќе отколку што мислиме. Љубовта е многу важна. Допирањето на рацете со роднините е важно сè додека не ја напуштат комата. Меѓу 30 и 40% од пациентите се будат од кома во четвртата година по добивањето на мозочната повреда“, изјави Оберман.

Таков е случајот со Карола Тим, кој пет години подоцна се разбуди од кома и сега е скоро нормален.

„Мене ми беше јасно цело време дека бев во кома. Знаев што се случува околу мене“, вели таа.

Слични содржини