Германската амбасада во Скопје соопшти дека германскиот специјален претставник за Македонија Јоханес Хајндл денеска и утре во Скопје ќе разговара со претставници на четирите партии, потписнички на Пржинскиот договор.

хајндлВо соопштението се наведува дека Хајндл ќе има средби и со амбасадорот на САД Џес Бејли и со другите амбасадори од земјите на ЕУ.

Големи се очекувањата дека од денеска почнува посериозен притисок и нсстапи на меѓународната заедница за излез од политчката криза во коа се повеќе запаѓа Македонија.

Германија вообичаено не функционира по принципот на таканаречена болдожер дипломатија – вели универзитетскиот професор и поранешен министер за надворешни работи Денко Малески. Според него, фактот што уште една голема сила се вклучува во преговорите создава подобри изгледи за придвижување на процесоти излез со конкретни решенија.

Претходно, министерот за надворешни работи Никола Попоски, посетата на Хајндл ја оцени само како позитивен сигнал од Берлин. „Се работи за позитивен сигнал со самиот факт што Германија покажува интерес дека сака да биде подиректно вклучена во процесите кои се случуваат во нашиот поширок регион и конкретно во Македонија“, изјави Попоски.

Слични содржини