Германските гиганти стравуваат и од војна поради кризата во Катар

од desk2

Поради судирите во арапскиот свет, во Германија, за сега, поради катарските пари во германските компании, на големо се шпекулира.

Министерот за надворешни работи на Германија, Зигмар Габриел стравува дека сешто може да се случи, па дури да избие и војна.

Министерот за надворешни работи на Катар, Мохамед бин Абдуларахман ал Тани, има проблеми во дијалогот со своите соседи откако тие, под водство на Саудиска Арабија, ги затворија границите кон Катар затоа што таа земја наводно поддржува терористички организации.

„Мора да пронајдеме решение и пред се да ја укинеме блокадата на морето и на воздушниот простор“, порачува Габриел, а во Германија има такви кои посакуваат нивниот министер да не застанува отворено во заштита на Катар. Сепак, за тоа има причини.

Германски интереси
Итро подготвената посета на Ал Тани, но и на египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси и на саудискиот министер за надворешни Адел ел Џубеир покажува дека германија е баран соговорник, иако, како што вели еден портпарол на Министерството за надворешни работи, Германија не сака да се наметнува како посредник.
Но, Берлин прави што може. „Поради големите инвестиции на Катар и на Саудиска Арабија во Германија не им е во интерес тие две страни и во Европа да работат една против друга“, смета Улрике Фрајтаг. Очигледно поради тоа германија не сака да заземе страна.

Катарски пари во Германија
Посебно поради катарските пари во германските компании сега наголемо се шпекулира. Дали тоа може да биде причина Siemens да ги повлече своите фабрики од Саудиска Арабија? Каква тактичка важност има уделот на Катар во Дојче Банк.
Во надзорниот одбор на Фолксваген седат двајца Катарци. Што би се случило ако поради блокадите кон Катар, импритребаат нивните пари итно? И што странскиот капитал значи за германците доколку на меѓународен план се потврдат сомнежите дека Катар поддршува тероризам?

Компаниите се многу воздржани кога станува збор за нивните арапски инвеститори.
„Тоа нема да го коментираме“, велат од Дојче Банк. Во неа државниот катарски инвеститор QTA има учество од девет отсто.
„Ги следиме актуелните случувања и се надеваме дека спорот наскоро ќе биде решен“, соопштено е од Фолксваген, во кој катарскиот удел во сопствеништвото изнесува 17 отсто. Учеството во Siеmens од 3,3 се смета за премало за Катар да има влијание во делувањето на компанијата.

Бизнисмените чекаат расплет и продолжуваат да работат како и до сега на Арапскиот полуостров.
„Мислам дека ризиците за компаниите се мали“, вели Мартин Клајн, стручњак за меѓународни економски односи од Универзитетот во Хал. Смета дека Катар нема трговски ни политички интерес да ги менува своите инвестициски планови. Клајн не верува дека парите од Персискиот залив може да ги загрозат германските компании.
„За тоа да се случи треба да се воведат санкции или да биде усвоена резолуција од ОН, а тоа е малку веројатно“, вели Клајн.
Игрите на големите сили во Заливот.

Од економистите многу повеќе се загрижени германските политичари. Зигмар Габриел не е исклучок. Се работи за тешки прашања на позиционирање. „Мене ми се допаѓа внимателната реакција на министерот за надворешни работи, иако не верувам дека ќе избие војна“, вели Омид Нурипур, од партијата на Зелените.

Сепак, му недостига јасен став од Берлин: „Ме збунува тоа што во Германија има толку реакции и што многумина се уверени дека Катар финансира тероризам“. При тоа нема никакви докзаи за тоа. „ЕУ би требало да се заложи Саудиска Арабија да биде попрецизна околу тоа“, бара Нурипур.

„Тоа е деликатна ситуација“, анализира Родерих Кизеветер, политичар на германските демохритијани. Катар не е голем поддржувач на декларацијата на ОН за човекови права и на меѓународен план се повеќе предизвикува турбуленции, како во Либија, смета тој.

Иако во минатото очигледна беше поголемата поддршка за Саудиска Арабија, сега со тоа едноставно треба да се прекине. Затоа што Саудиска Арабија преку Катар отвори регионален судир со Иран. „Сега мора, можеби заедно со ЕУ да го утврдиме понатамошниот однос кон Саудиска Арабија“, смета Кизеветер. Таа земја тврди дека нема проблем со тероризмот, а на големо финансира исламистички активности во други земји./преземено Б92

Слични содржини