Германските власти очекуваат не повеќе од 300 илјади бегалци во оваа година

од Vladimir Zorba

Сценариото, со кое во Германија ќе пристигнуваат повеќе бегалци, е малку веројатно бегалци гер

Главата на германското федерално Министерство за миграции и бегалци Франк Јирген Вајзе очекува дека оваа година во земјата ќе пристигнат не повеќе од 300 илјади бегалци. “Подготвени сме  да прифатиме меѓу 250 и 300 илјади бегалци во оваа година”, најави тој за весникот “Билд ам Зонтаг” (Bild am Sonntag).

Коментарите на државниот службеник се објавени во бројот, кој излегува денес. Според Вајзе, сценариото, со мое  во Германија пристигнуваат повеќе бегалци, е малку веројатно . Претходно Германија соопшти дека во земјата во 2015 година пристигнале над 1 милион бегалци. Подоцна, сепак, како  што истакна Вајзе, стана јасно дека земјата има примено  помал број бегалци, отколку што се мислеше. Некои од пристигнатите се регистрирани по два пати, други напуштиле Германија, бараат можности во други земји. “Наскоро ќе го објавиме точниот  број. Несомнено, минатата година во Германија пристигнале помалку од 1 милион луѓе”, истакна тој

Слични содржини