Германците веќе не ја сакаат Меркел

од Vladimir Zorba

Секој втор граѓанин на земјата отфрла четврти мандат на канцеларката

меркел
Прашањето дали Ангела Меркел треба да остане канцелар на СРГ и по парламентарните избори во 2017 година  го подели германското општество, пишува националниот весник Die Frankfurter Allgemeine Zeitung.
Истражување на Emnid, еден од најголемите германски центри за истражување на јавното мислење покажува дека секој втор граѓанин на земјата отфрла четврти мандат на лидерот на Христијанско заедница (ХДЗ). Поддржувачите на Меркел се само малку помалку – 42%.  Меѓу приврзаниците на ХДЗ 70% одобруваат Меркел да ја задржи функцијата и по следните избори. Против се 22%. Резултатите од истражувањето покажуваат дека рејтингот на актуелниот германскиот канцелар се влошува.

Слични содржини