Гешковска ќе бара уште еден мандат во скопското обвинителство

од desk2

Обвинителката Гордана Гешковска ќе бара уште еден мандат од четири години како раководител на скопското обвинителство. Гешковска за Телевизија 24 потврдува дека се пријавила на конкурсот за избор на шеф на основното јавно обвинителство Скопје кој го распиша Советот на јавни обвинители.

Гешковска со основното јавно обвинителство скопје веќе раководеше четири години.

Гешковска беше критикувана од јавноста поради начинот на кој скопското обвинителство ја води истрагата за собраниските настани поврзани со крвавиот четврток.

Советот на јавни обвинители треба да избере петнаесетина обвинители во обвинителството за организиран криминал, вишото скопско обвинителство како и за во републичкото обвинителство./24 Вести

Слични содржини